Приватност

Оваа страница содржи важни информации кои објаснуваат како оваа веб-страница користи „колачиња“.

Ве молиме прочитајте ја внимателно оваа страница.

Користење на информации

Оваа политика го регулира користењето од страна на Euromax Resources Ltd. и нејзините подружници (во понатамошниот текст „Компанијата”) на информациите кои вие ги давате додека ја користите оваа веб-страница.Таа треба да се прочита заедно со ПРАВНАТА НАПОМЕНА до која може да се пристапи овде.

Компанијата се обврзува за приватноста на интернет на сите нејзини корисници. Оваа изјава за политиката е креирана за да даде јасно објаснување за практиките за обработка на податоци на Компанијата. Нема да собираме никакви информации за поединци, освен во случај кога тие се  свесно и со нивно знаење дадени од нив.

Пример за такви информации се:

  • Вашето име
  • Вашата адреса на е-пошта

Собраните информации ќе бидат искористени за да Ви ги испратиме информациите кои сте ги побарале и за да обезбедиме информации кои можат да бидат корисни за Вас. Доколку не сакате да Ви испраќаме информации, Ве молиме испратете е-пошта на info@euromaxresources.co.uk со впишување на зборот ОТПИШУВАЊЕ во насловот на предметот на електронската пошта.

Со партнери или со други страни може да ги споделиме збирните статистички (групни) податоци кои не се од лична природа за навиките за пребарување на интернет на посетителите на нашата страница. Не користиме аутсорсинг компанија за обработка на личните податоци на корисниците и никогаш нема да продадеме или споделиме било какви информации за поединечни корисници освен ако тоа не се бара со закон, на пример ако сме принудени да обелодениме информации по налог на било кој суд, регулаторно или владино тело или берза.

Податоци кои автоматски се собираат

Компанијата ги собира автоматски домените и IP-адресите на посетителите; овие информации не Ве идентификуваат Вас како поединец туку само  компјутерот кој се користи за отварање на страницата. Овие податоци се користат за да се види каде во светот се користи страницата за да се обезбеди покриеност и за да помогнат за подобро разбирање  на користењето на страницата за да можеме да ги подобриме нашите услуги за Вас. Ние не ги поврзуваме информациите кои автоматски се собираат на таков начин со личните податоци за конкретни поединци.

„Колачиња“

„Колаче“ е дел од текстот кој бара дозвола да биде поставен на хард дискот на Вашиот компјутер. Откако ќе го прифатите (или Вашиот пребарувач го прифати автоматски доколку го имате поставено на тој начин), Вашиот пребарувач го додава тој текст во мала датотека.

„Колачето“ помага во анализирањето на интернет сообраќајот или им дава на знаење на операторите на веб-страницата за тоа кога посетувате одредена страница. „Колачињата“ им овозможуваат на веб-апликациите да Ви одговорат како на поединец.

Веб-апликацијата може да ги прилагоди своите операции на Вашите потреби, на тоа што Ви се допаѓа или не Ви се допаѓа, со прибирање и запомнување информации за тоа што го претпочитате.

Вклучивме целосна листа на „колачиња“ кои се искористени на www.euromax-ilovitza.mk подолу, заедно со дефиниција за тоа за што е искористено „колачето“. Компанијата нема да користи „колачиња“ за собирање на Вашите лични податоци.

Како да се контролираат и избришат „Колачињата“?

Знаеме дека луѓето се загрижени за „колачињата“ но веруваме дека придобивката што Вие и Компанијата ја добивате од нивното правилно користење е вредна.

Можете да ги избришете датотеките кои содржат „колачиња“ – тие датотеки се зачувани како дел од Вашиот интернет пребарувач. Доколку сакате да ги ограничите или блокирате „колачињата“ кои се поставени од, или пак се навистина некоја друга веб-страница, или ако сакате да добивате известување за барања за поставување „колаче“ или целосно да ги одбиете „колачињата“, можете да го направите тоа преку поставувањата на пребарувачот. Функцијата за помош во Вашиот пребарувач може да Ви каже како да го направите тоа. Имајте предвид дека одбивањето на „колачињата“ може да Ве спречи да ја користите веб-страницата со највисок квалитет.

Алтернативно, можеби ќе посакате да ја посетите www.aboutcookies.org која  содржи сеопфатни информации за тоа како да го направите тоа на широк спектар на пребарувачи. Исто така  ќе најдете и детали за тоа како можете да избришете „колачиња“ од Вашиот компјутер како и повеќе општи информации за „колачињата“. За повеќе информации за тоа како да го направите тоа на пребарувачот на вашиот мобилен уред ќе треба да погледнете во упатството.

Одрекување од одговорност

Не прифаќаме никаква одговорност за било какви штети настанати како резултат на користењето или неможноста да се користи оваа веб-страница или поради решение прифатено како резултат на посетата на оваа веб-страница. Материјалите на оваа веб-страница ги претставуваат нашите сопствени гледишта и мислења.

Измени и дополнувања на Политиката за приватност

Го задржуваме правото да правиме измени и дополнувања на политиката за приватност. Сите измени и дополнувања влегуваат во сила со нивното објавување на оваа веб-страница.

Оваа веб-страница ги користи следните „колачиња“:

  • „Колачиња“ на Google Analytics за да ни помогнат да измериме на кој начин разменувате податоци со нашата веб-страница;
  • „Колачиња“ засновани на WordPress за системот за управување со содржини вклучувајќи и тест „колаче“ за проверка на „колачето“;
  • „Колаче“ за модул за преведување за запаметување на претпочитаните параметри за јазикот;
  • Load Balancer Round Robin со „колаче“ за синхронизација помеѓу два сервери.

биди информиран

Внесете ја Вашата е-пошта за новости