Рударството во Македонија

Македонија е земја богата со минерални ресурси како што се: бакар, олово, цинк, хромит, манган, никел, волфрам, злато, сребро, азбест, гипс и граѓа. Рударството на злато датира уште од времето на Александар Велики, кога ископаните количини се користеле за финансирање на војските и за градење на Римската империја. Ископувањето продолжило и во Римското доба па и понатаму, при што златото имало важна улога во модата, религијата и како украс. mining_in_macedonia Иако постои толку долга традиција на рударство во Македонија, проектот за бакар и злато Иловица ќе биде прв проект со гринфилд инвестиција од таков вид во земјата. Ова е прекрасна можност за изградба на рудник од светска класа со употреба на модерна технологија и со интегрирање на најдобрите практики за здравје, безбедност и управување со животната средина. Проектот Иловица исто така може да има и широки придобивки за Македонија. На национално ниво, проектот ќе ја подигне свеста за рударската индустрија во Македонија и ќе даде пример за тоа како можат да се развиваат проекти со гринфилд инвестиција на Балканот на одржлив и етички начин, кој е и добар за животната средина. Се планира, експлоатацијата на наоѓалиштето Иловица да се врши со метод на површински коп и ќе се произведува чист бакар-злато концентрат на самата проектна локација. Понатаму, концентратите ќе се прочистуваат во топилница, каде што ќе се вадат металите злато и бакар.

Луѓето и златото

copper_toolsРечиси сите луѓе зависат од достапноста и употребата на рударски производи како што се благородните и обоени метали, скапоцени камења, како дијаманти, јаглен и нафтени шкрилци, камена сол, поташа, чакал и глина. Благородните метали, како златото, се од голема важност. Златото се користи во стоматологијата, електрониката, изработката на монети, а исто така има и украсна, симболична и религиозна примена. Бакарот е исто така еден од најстарите метали кој се користел во многу антички култури, заради својата флексибилност бакарот бил прв искористен за изработка на алатки, украси и оружја пред неколку илјади години. Денеска, бакарот се користи во градежната индустрија, како и во електрична опрема бидејќи металот ефикасно спроведува струја и топлина, а има и корисни својства за мешање во легури. Иако ниедна земја денес не го користи стандардот за злато како основа на својот монетарен систем, многу влади и банки чуваат значителни резерви на злато и на истото се гледа како важна заштита од променливите стоки. Се смета дека Народната банка на Република Македонија чува околу 6,8 тони злато во резерва. golden_coins Рударската индустрија може да им донесе забележителни придобивки на заедниците – од потенцијалните можности за вработувања што ќе ги создаде рудникот преку програми за обуки и вештини, како и индиректни придобивки за локалната инфраструктура и поддршка на локалните бизниси. Рударските компании често пати плаќаат концесиски надоместоци и даноци, Македонија како држава ќе има корист од данок на добивка, даноци на плати и локални снабдувачи и 2% нето приход од концесиски надоместок. На локално ниво, 78% од вкупните исплатени концесиски надоместоци на државата, ќе се влеват директно назад во локалните општини. Euromax Resources е посветена на одржување на етичка бизнис практика, поддржувајќи ги заедниците-домаќини онаму каде што можеме и со развивање на проектот според највисоките стандарди за управување со животната средина. За да дознаете нешто повеќе за нашиот пристап кон одговорно рударство, Ве молиме кликнете овде.

Рударството на глобално ниво

Вкупно 174.100 тони злато е ископано во човековата историја, според податоците од Томсон Ројтерс ГМФС од 2012. Геолошкото истражување на САД проценува дека има уште 52.000 тони злато останато во земјата кое може да се експолоатира. Вкупното производство на бакар е околу 17 милиони тони годишно, со тоа што побарувачка расте секоја година. Водечките производители на бакар се Чиле, Кина, Перу и САД, меѓутоа во земји како што е САД, секоја година скоро иста количина бакар се добива од рециклирани материјали колку и од новоископани метали. copper Со опаѓање на бројот на откриени наоѓалишта за злато и бакар, зголемените социо-економски потешкотии за експлоатација во земји како Африка, а со силна побарувачка од секторите за накит и технологија, многу е важно да се развијат помали, но економични наоѓалишта каков што е проектот Иловица.

биди информиран

Внесете ја Вашата е-пошта за новости