ЧПП

Прашајте го главниот извршен директор

*Задолжително поле
SteveSharpe
За Стив Шарп

Стив се приклучи на компанијата како главен извршен директор во мај, 2012 година и има над 25 годишно искуство во развој и финансирање на рударски проекти. » Види го целиот Борд на директори

Често Поставувани Прашања

  • Кои се придобивките за населението од вашата инвестиција?

    Ние целосно ја преместивме нашата канцеларија од Лондон во Скопје и вработивме млади и талентирани Македонци за кои вложивме за обука со цел да станат квалификувани за водење на седиштето на нашата интернационална компанија во Македонија. Тековната фаза на истражување вклучува и значајни договори со македонски групи, вклучувајќи ги и универзитетите во Скопје и Штип, геодетски компании и компании за еколошки истражувања.

    На терен, нашиот технички тим се прошири оваа година поради големиот интензитет на работата. Сите вработени на теренот се Македонци. Ќе бидат потребни 400-500 вработени при работата со рудникот. Реалната придобивка за Република Македонија на национално ниво, ќе биде пораст од 2% на Бруто Домашниот Производ, откако рудникот ќе почне со производство во 2018 година и ќе се одржува околу 20 години. Мнозинството (98% +) од вработените кои ќе бидат потребни за реализација на проектот ќе бидат Македонци – ова не само што ќе значи директно вработување на најмалку 400 луѓе со значително поголема плата од просечната, туку и позитивен одраз во однос на економијата и помошните локални бизниси и компании.

    Големиот бран на вработување ке почне откако ќе ги добиеме сите дозволи за конструкција и работа со рудникот. За време на изградбата (почнувајќи од септември 2016) и за време на работата, потрошувачката на челик, цемент, гориво и електрична енергија ќе биде многу значајна и сите договори за тоа ќе бидат склучени со Македонски компании. На пример, се проценува дека годишно ќе се трошат околу 17 милиони литри гориво за време на работата со рудникот.

  • Како рудникот „Иловица-Штука“ ќе се разликува од другите рудници во Македонија во поглед на влијанието врз средината?

    Основната разлика е во проактивниот, превентивен пристап што го имаме при дизајнирање на самиот рудник и предвидување на ефектите од неговото функционирање врз локалната заедница и пошироко.
    Конкретно, тоа е и целта на деталните истражувања и студии што се прават во овој период. Тие ќе ни дадат прецизна слика за локалната средина и потребите на заедницата, со што ќе бидеме во можност да ги предвидиме можните негативни влијанија и навремено да преземеме мерки за да ги избегнеме. И во текот на работењето на рудникот, Еуромакс ќе продолжи континуирано да ги следи еколошките параметри со цел да се осигура дека тие се наоѓаат во дозволените граници утврдени со закон. Се разбира, самиот рудник ќе ја промени локалната средина.
    На пример, ќе има промена на пределот на ридот над Иловица и Штука, но и во развојот на локалната инфраструктура. Сепак, очекуваме студиите за влијанието врз животната средина и социјалните аспекти да ги предвидат сите можни влијанија и да ни помогнат да ги идентификуваме мерките што треба да се преземат.

  • Ќе има ли можности за вработување на локалното население?

    Ќе постојат разновидни можности за вработување во различни фази од развојот на рудникот, меѓу кои и изградбата, работењето, како и при затворањето на рудникот. Можностите за вработување ќе даваат предност на локалното население за оние кои поседуваат работни вештини, а ќе се стремиме и кон воведување на програми за обука и ќе работиме со училишта и факултети за развивање на потребните вештини, што исто така ќе биде од корист и за другите индустрии во регионот.

  • Какво ќе биде влијанието врз животната околина на идниот рудник во поглед на загадување на водата, загадување со прашина, почвата или воздухот?

    Заштитата на животната средина е од големо значење за Еуромакс и затоа, во сите фази од развојот на проектот, ќе останеме посветени на спречување на сите можни влијанија кои можат да ја нарушат еколошката рамнотежа.

    Конкретно, кога станува збор за водата, проектот е дизајниран како затворен систем кој не дозволува одлевање на водата од рудникот. Тоа ќе се одвива преку специјален систем за управување, кој вклучува формирање на таложни езера и тестирање на квалитетот на водата и нејзино филтрирање.

    Во врска со квалитетот на воздухот и почвата (вклучувајќи го и земјоделското земјиште), од досегашните испитувања знаеме дека парчињата руда кои ќе се извлечат при откопувањето не содржат тешки метали или хемикалии кои би можеле да ја загадуваат животната средина. Дополнително, ќе бидат преземени мерки со кои ќе се спречи ширење прашина и загадување на воздухот од ископот.

  • Ќе има ли потреба да се преселува локалното население од Иловица и Штука?

    Нема да има преселување на локалното население. Наоѓалиштето Иловица-Штука се наоѓа на рид, два километри од селата Иловица и Штука. Поголемиот дел од оваа земја е секундарна шума, оддалечена од домовите и земјоделските имоти на луѓето.

  • Кога се очекува рудникот да почне со работа ?

    За да може прецизно да се проектира процесот на ископување на рудите, обработката на метали, безбедното и одговорно сместување на отпадниот материјал, потребна е обемна инженерска работа. Цел ни е изградбата на рудникот да започне во 2016 година.

  • Колку луѓе брои менаџерскиот тим на Еуромакс Ресоурцес и кои се нивните позиции во компанијата?

    Одборот на директори на Еуромакс се состои од пет неизвршни директори и три извршни директори кои ги надгледуваат сите активности. Клучни менаџери базирани во Лондон се Стив Шарп (Претседател и главен извршен директор), Варшан Гокул (Главен финансиски директор), Пат Форворд (Главен оперативен директор).
    Ние целосно ја преместивме нашата канцеларија од Лондон во Скопје и вработивме млади и талентирани Македонци за кои вложивме за обука со цел да станат квалификувани за водење на седиштето на нашата интернационална компанија во Македонија.

    На локално и корпоративно ниво, назначени се следните функции: Алан Бејкер (Заменик Претседател, раководител на проект и изградба), Брет Балинтајн (Заменик Претседател за финансии), Јана Никодиновска (Заменик Претседател за правни работи и Корпоративен Секретар), Драги Пелтечки (Локален раководител на проект),  Анета Донкова-Петрушова (Раководител на администрација и човечки ресурси),  Митко Лиговски (Виш геолог) и Елизабета Стоева (Администратор на информативен центар).
    Исто така имаме и тим од геолози и други вработени кои работат на терен и во нашот магацин за јадро.

  • Какви економски придобивки ќе имаат селата Иловица, Штука и општина Босилово како резултат на идниот рудник?

    На локално ниво, 78% од вкупните исплатени концесиски надоместоци ќе се влеват директно назад во општинските каси. Заедниците ќе ги имаат овие пари на располагање за подобрување на инфраструктурата, услугите, како и образованието. Нашите операции ќе дадат можност за диверзификација на индустриите во регионот, додека програмите за обука кои ќе ги воведеме ќе бидат од корист не само за нашите проекти, туку и за регионалните индустрии, како што се шумарството и земјоделството, со што ќе допринесеме кон одржлива економска благосостојба на регионот. Веќе направивме неколку локални инвестиции, како што се изградба на нови чешми за да се обезбеди вода за пиење на селата, изградба на фонтана во Ново Село посветена на пророкот Баба Ванѓа, организиравме настани и презентации во ООУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ кои помогнаа да се поттикне свеста за значењето на чистата животна средина и ефикасното справување со отпад, набавивме спортска опрема во локалното училиште со цел да се зголемат спортските активности, обезбедивме средства за асфалтирање на пристапни патеки и уредување на тревни области пред влезот на спортска сала и подрачното училиште во Иловица.

  • Дали компанијата ќе го користи селскиот пат или ќе изградите нов само за вашите потреби?

    Како дел од нашите технички студии, исто така разгледуваме и можни правци за нов пристапен пат до објектите на рудникот Иловица-Штука. Во склоп на нашата посветеност да спречуваме негативно влијание врз животната средина, во план е изградба на сосема нов пристапен пат за да се олеснат потребите на проектот или да се подобрат постојните селски патишта. Нема да транспортираме голема опрема или концентрати низ селото.

  • Како се развива проектот?

    Проектот е доста напреднат во поглед на дозволите. Во јули, 2012 година, Владата на Република Македонија додели Договор за концесија за експлоатација за проектот. Имаме исто така Студија за оцена на влијанието врз животната средина (СОВЖС) која беше одобрена од Министерството за животна средина и просторно планирање во октомври, 2012 година, и беше базирана, делумно, на концептуланата студија за проектот Иловица-Штука.

    Изработена е и прелиминарна економска анализа (ПЕА) за проектот за да ни даде рани показатели за економските параметри на проектот. Откако ги подобривме проценките за минералните ресурси за проектот, ја финализиравме предфизибилити студијата (ПФС) и резултатите беа објавени во јуни 2014 година.

    На 6 јануари 2016 ги објавивме резултатите од конечната студија за изводливост на проектот и сега сме во фаза на завршување на деталниот инжинеринг и план, кои се потребни пред поднесувањето на барањето за дозвола за изградба. Овој процес бара околу 18 месеци инженерство, истражување и проектирање, дополнително дупчење и детален мониторинг на животната средина кој треба да се заврши во текот на две последователни годишни времиња.

биди информиран

Внесете ја Вашата е-пошта за новости