Оцена на влијанието врз животната средина

Оцената на влијанието врз животната средина претставува оцена на можните влијанија на проектот „Иловица-Штука“ врз животната средина и социјалните аспекти. Се заснова на Студијата за изводливост на проектот и деталните истражувања на постојните услови во животната средина и социјалните аспекти. Истата е во согласност со важечките регулативи во Република Македонија и претставува дел од потребните барања на македонските органи за издавање дозвола за експлоатација за проектот „Иловица-Штука“.

► Оцена на влијанието врз животната средина

Нетехничко резиме на ОВЖС

Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина се спроведува при донесување на државна урбанистичко-планска документација (ДУПД).

► Извештај за стратегиска оцена на животната средина за ДУПД

► Нетехничко резиме на извештајот за стратегиска оцена на животната средина за ДУПД

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Меѓународната Оцена на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти (OВЖССА) е подготвена со цел да се исполнат барањата на заемодавачите на Еуромакс и партнерите во капиталот во акции. Подготвена е во согласност со барањата за изведба на ЕБОР и стандардите за изведба на МФК, како и соодветното законодавство и насоките за добри практики. Се подготвува пакет планови за управување во кои се разгледува спроведувањето на мерките за ублажување идентификувани во македонската ОВЖС и во ОВЖССА, како и усогласување со локалните регулаторни барања и загриженостите на чинителите.

Комплетната ОВЖССА и нетехничкото резиме на англиски јазик се дадени подолу:

Оцена на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти

► Нетехничко резиме на ОВЖССА

Пристапот до прилозите (318 МВ) е достапен на Ваше барање со остварување контакт со нас.

биди информиран

Внесете ја Вашата е-пошта за новости