Демант

Правна напомена

Оваа страница содржи важни информации кои ја објаснуваат Вашата врска со сопствениците на оваа веб-страница и Вашите права за пристап и користење на информации од оваа веб-страница. Ве молиме прочитајте ја оваа страница внимателно.

Општо законско одрекување од одговорноста

Оваа веб-страница е официјалната страница на Еуромакс Ресоурцес ДОО Скопје, („Еуромакс ДОО”), подружница во целосна сопственост на Euromax Resources Ltd. („Компанијата”). Информациите кои се дадени на оваа веб-страница се дадени само за општо знаење на читателите. Информациите не се наменети да бидат сеопфатен преглед на сите прашања и развои во врска со Еуромакс ДОО и Компанијата. Еуромакс ДОО ги презема сите законски мерки да го ажурира навремено својот корпоративен материјал и документација. Оваа веб-страница и информациите содржани овде не претставуваат понуда или барање за понуда за купување на било какви хартии од вредност на Компанијата.

Информациите на оваа веб-страница не се наменети на било каков начин да одредат, модифицираат или дополнат некој проспект или други информации откриени во корпоративната легислатива и легислативата за хартиите од вредност на било која јурисдикција што важи за Компанијата.
Нема комисија за хартии од вредност или сличен орган во Канада или САД кои на било каков начин имат дадено мислење за вредностите на било кои информации содржани во оваа веб-страница.

Напредни изјави

Оваа веб-страница содржи напредни изјави или напредни информации во рамките на значењето на важечката легислатива за хартиите од вредност (во понатамошниот текст заедно наречени „напредни изјави”) што се однесуваат на плановите на Компанијата за нејзините проекти, активности и други прашања.
Овие изјави се однесуваат на анализи и други информации кои се засновани на предвидувања за идни исходи, проценки на износи кои сѐуште не можат да се утврдат и претпоставки за управување.
Било кои изјави кои изразуваат или вклучуваат дискусии во однос на предвидувања, очекувања, верувања, планови, проекции, цели, претпоставки или идни настани или изведба (често, но не секогаш користејќи зборови или фрази како што се „очекува“ или „не очекува“ „очекуван“, „предвидува“ или „не предвидува“, “планови“, „проценки“ или „има намера“ или изјави дека одредени дејства, настани или резултати „може да“, „би можеле да“, „може“ „би“ или „ќе“ се преземат, се појават или се постигнат) не се изјави од историски факт и можат да бидат напредни изјави. Напредните изјави содржани на оваа веб-страница вклучуваат изјави во однос на:

• очекувањата кои се однесуваат на потенцијалната минерализација и геолошките карактеристики на проектите на Компанијата, вклучувајќи го и проектот Иловица-Штука во Македонија, целите на Компанијата што се однесуваат на барање капитал и спроведување на понатамошно истражување и потенцијалниот развој на нејзините сегашни проекти; • предложените планови за дупчење на Компанијата и другите истражни работи на нејзините проекти;
• предложените планови на Компанијата за зголемување и надградба на минералните ресурси на нејзините проекти и изготвувањето на прелиминарната економска анализа, предфизибилити, физибилити и другите економски студии;
• очекувањата кои се однесуваат на континуитетот на наоѓалиштата на минерални ресурси, вклучувајќи ги оние поврзани со соседни или други проекти (вклучувајќи проекти кои произведуваат или произведувале порано) кои се во близина или во ист регион со проектите на Компанијата;
• очекувањата кои се однесуваат на било кои прашања за животната средина кои можат да влијаат врз планираните или идните програми за истражување;
• проценките на трошоците за истражување;
• изјавите кои се однесуваат на идните цени на златото и другите метали;
• времето и изготвувањето на геолошките студии и извештаи;
• приемот и времето на добивање дозволи и други одобренија од трети лица и почетокот на производство; и
• државната регулатива за истражување на минерални ресурси и развој на активностите во јурисдикциите каде што се лоцирани проектите на Компанијата.

Напредните изјави се предмет на мноштво ризици и несигурности кои може да предизвикаат вистинските настани или резултати да се разликуваат суштински од оние кои се дадени во напредните изјави, вклучувајќи ги, без ограничување:

• ризиците и несигурностите во врска со интерпретацијата на резултатите од дупчењето и другите податоци од истражувањето и геологијата, содржината и континуитетот на наоѓалиштата на минерални ресурси; • ризикот од неочекувани промени на минералните ресурси, содржината и/или стапките на искористување;
• можноста дека идните резултати од истражувањата нема да бидат во согласност со очекувањата на Компанијата, вклучувајќи ги и оние кои се поврзани со било какво планирано зголемување и ажурирање на минералните ресурси;
• ризиците поврзани со можноста за добивање финансии кои се потребни за финансирање на плановите за истражување на компанијата и/или на било кои партнери за заедничко вложување;
• условите на пазарот и нестабилноста и глобалните економски услови;
• ризиците поврзани со својствената несигурност на проценките на трошоците за истражување и потенцијалните неочекувани трошоци;
• ризици поврзани со флуктуациите на цените на златото, среброто, обоените метали и другите производи;
• ризиците поврзани со достапноста на соодветна опрема за дупчење и друга опрема и персонал за истражување;
• ризиците поврзани со металуршките карактеристики на било која минерализација содржана во проектите на Компанијата сѐуште треба целосно да се утврдат и може да бидат значителен фактор за ризик;
• промените во параметрите на проектот со продолжувањето на усовршувањето на плановите; ризиците поврзани со несогласувањата со било кој од партнерите за заедничко вложување околу тоа како да се извршат истражните активности, неспособноста на било кој од партнерите за заедничко вложување да ги исполнат своите обврски, и споровите или парничењето помеѓу било кои партнери за зедничко вложување;
• ризиците поврзани со експлоатацијата и развојот, вклучувајќи ги ризиците поврзани со несреќи, дефекти на опремата, работни спорови или други неочекувани потешкотии со, или прекини во истражувањето и процесот на развој;
• потенцијалот за задоцнување на активностите за истражување или развој;
• потенцијалот за задоцнување во изготвувањето на геолошките извештаи, или дека содржината на геолошките извештаи нема да биде во согласност со очекувањата на Компанијата;
• несигурноста на профитабилноста врз основа на историјатот на загуби на Компанијата;
• ризиците поврзани со флуктуациите на девизниот курс;
• ризиците поврзани со регулативите и одговорностите за животната средина;
• ризиците поврзани со неуспехот да се одржат прифатеноста, договорите и дозволите од заедницата или од било која легитимна локална група (општо наречена „општествена лиценца”);
• конкуренцијата и загубата на клучниот менаџмент и персонал;
• осигурителните и даночните ризици; и општите ризици и несигурности поврзани со плановите, проектите и бизнис стратегијата на Компанијата.

Овие напредни изјави се засновани на одредени претпоставки за кои Компанијата верува дека се разумни, вклучувајќи дека:
• тековните цени на златото, среброто, обоените метали и цените на другите стоки ќе бидат одржливи, или ќе се подобрат, и дека глобалните пазарни услови ќе се стабилизираат; • дополнителното финасирање потребно за Компанијата ќе биде достапно под разумни услови;
• сите неопходни државни дозволи и општествени дозволи кои се неопходни за планираното истражување и развој на проектите за минерали на Компанијата ќе бидат добиени навремено и под услови прифатливи за Компанијата;
• на Компанијата нема да и се случи било каква материјална несреќа, работен спор или дефект на постројката за подготовка на минерални суровини или на опремата или друг прекин од материјална природа на планираната програма за дупчење на Компанијата;
• опремата и персоналот за истражување ќе продолжат да бидат достапни под разумни услови;
• клучниот менаџмент и директорите ќе бидат и понатаму задржани од страна Компанијата;
• партнерите за заедничко вложување и други трети страни, доколку е применливо, во секој материјален поглед ќе се усогласат со условите за опциите за сопственост и/или договорите за зедничко вложување што ќе овозможи финансирање, истражување и унапредување на проектите на Компанијата; и
• било кој предложен иден развој на проектите за минерали на Компанијата ќе биде оперативно и економично остварлив и спроведен како што е очекувано.

За претпоставките кои се однесуваат на потенцијалната минерализација на проектите на Компанијата се зборува во најновите технички извештаи поврзани со нив кои се достапни на оваа веб-страница и на профилот на Компанијата на веб-страницата на SEDAR www.sedar.com.
Некои од важните ризици и несигурности кои би можеле да влијаат врз напредните изјави се исто така опишани во постојаните поднесоци на Компанијата за откривање кај канадските администратори за хартии од вредност, и во дискусијата и анализата на нејзиниот менаџмент, кои се достапни на веб-страницата на SEDAR.
Доколку еден или повеќе од овие ризици и несигурности се оствари, или доколку главните претпоставки се докажат како неточни, вистинските резултати може да се разликуваат суштински од тие кои се опишани во напредните изјави. Напредните изјави се дадени врз основа на верувањата, проценките и мислењата на менаџментот на денот кога се дадени изјавите и ниту Еуромакс ДОО ниту Компанијата не преземаат никаква обврска да ги обновуваат напредните изјави ако тие верувања, проценки и мислења или други околности се променат, освен ако тоа се бара според важечките закони. Дополнителните ризици и несигурности кои моментално не се познати за Компанијата, или за кои моментално Компанијата смета дека се од несуштинско значење, може исто така материјално и негативно да влијаат врз бизнисот и плановите на Еуромакс ДОО и Компанијата.

НАУЧНИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ – СПОРЕД СТАНДАРДИТЕ НА НАЦИОНАЛНИОТ ИНСТРУМЕНТ 43-101 ЗА ОТКРИВАЊЕ ЗА ПРОЕКТИ ЗА МИНЕРАЛИ („NI 43-101“) Научните и техничките информации содржани во оваа веб-страница се прегледани и одобрени од страна на Патрик Форворд, директор на Компанијата и „квалификувано лице“ според значењето на NI 43-101.

Врски кон други веб-страници

Веб-страницата на Еуромакс ДОО содржи врски за да го олесни пристапот на посетителите до веб-страниците на трети страни. Еуромакс ДОО не контролира ниедна страница на трета страна и не е одговорна за содржината на било кој поврзана страница или било која врска содржана во поврзаната страница. Еуромакс ДОО обезбедува таква врска за посетителите само како погодност и вклучувањето на било каква врска не имплицира никакво одобрување, преглед, испитување или верификација на што и да било од страна на Еуромакс ДОО во поглед на поврзаната страница или било на каква информација содржана во неа.

Важечки закони

Оваа веб-страница ја контролира и управува Еуромакс ДОО од своите канцеларии во Македонија. Ниту Еуромакс ДОО ниту Компанијата не презентираат дека информациите содржани на веб-страницата се соодветни или достапни за користење на други локации и Компанијата нема никаква одговорност во поглед на пристапот до информациите од територии чии закони забрануваат таков пристап или каде било кој аспект на содржината на оваа веб-страница може да биде нелегална. Оние кои ќе изберат да пристапат до оваа веб-страница од други локации, ќе го направат тоа на своја сопствена иницијатива и имаат одговорност да се усогласат со важечките локални закони. Било каква тужба поврзана со информациите содржани во оваа страница ќе биде регулирана со законите на Македонија и посетителите на страницата се согласуват да ја поднесат кај ексклузивната јурисдикција на судовите во Македонија.

Вашите права

Вашите лични податоци се заштитени во Македонија со Законот за заштита на личните податоци. Ова, меѓу другото, обезбедува дека вашите податоци кои ги чуваме ќе бидат обработени законски и правично. Податоците треба да бидат точни, релевантни и непрекумерни. Информациите треба да се ажурирани, каде што е потребно, и не треба да се држат подолго од потребното.
Треба да се чуваат на безбедно за да се спречи неовластен пристап од страна на други луѓе. Вие имате право да видете какви информации се чуват за вас и да ги корегирате било кои неточни податоци за вас онлајн. Тоа може да го направете преку испраќање порака на info@euromaxresources.co.uk.

биди информиран

Внесете ја Вашата е-пошта за новости